За Нас
Кои сме ние?
Основана во 1990 година, компанијата Хоризонт ДОО спаѓа во групата на носечки компании во секторот нa дистрибуција на храна во Република Македонија. Компанијата своето фунционирање го базира на високо развиена логистичка, одлична дистрибуциска поддршка, како администратина така и комерцијална, и целосна и брза покриеност на територијата на републиката.
Компанија во приватна сопственост со седиште во Скопје, со основна дејност дистрибуција и трговија на познати брендови во областа на прехранбени производи, суровини/состојки за пекарство, печива, како и преработки од месо.
Инфраструктура
Оперирајќи на површина од 3000 квадратни метри, дистрибутивниот центар на Хоризонт располага со објект од 1700м2 за складишен простор. Овој објект вклучува главен магацин од 800м2 за складирање на производи кои не бараат контролирана температура, како и комора со систем за ладење и складирање на производи за кои се потребни контролирани микро климатски услови. Целиот објект е опремен со современа опрема за мерење на температура, влажност, како и мониторинг систем на целокупната палета на производи.
Со повеќе од 20 вработени, од кои 4 комерцијалисти и 6 дистрибутери поддржани со возен парк од 12 возила со целосна опременост за дистрибуција на секаков вид на пакуван прехранбен производ, Хоризонт има капацитет за дистрибуција на повеќе од 220 производи во сите реони во Република Македонија.
Комерцијалните капацитети на компанијата Хоризонт се состојат од силен тим на добро обучени и искусни комерцијалисти и дистрибутери кои професионално ја спроведуваат нашата корпоративна филозофија, која се состои од следните вредности:
Дистрибуциска мрежа
Од 1990 година па се до денес, компанијата е во постојан раст во делот на ширење на палетата на брендови, a соодветно на тоа и развивање на својата дистрибутивна мрежа. Како едни од поважните брендови на кои Хоризонт е ексклузивен претставник и дистрибутер се:
- ЕТА КАМНИК од Словенија, со дистрибуција на производи од програмата Натурета;
- ИРЕКС АРОМА од Загреб, со дистрибуција на производи од програмата за суровини/состојки за пекарство и слаткарство, како и производи од програмата за преработка на месо;
- ПЕЗ Интернационална од Австрија, со дистрибуција на производи од програмата за бонбони и диспензери;
- САНАПЛУС од Унгарија, со дистрибуција на витамински таблети од ПЕЗ Интернационална;
- ЗДЕНКА од Хрватска, со дистрибуција на производи од програмата за млечни производи;
- МИЛЕКС со дистрибуција на производи од програмата додатоци за месна индустрија;
- СЕЛЕКТ од Србија, со дистрибуција на производи од програмата за слаткарство;
- БИМАЛ од Србија и БиХ, со дистрибуција на масло за јадење;
- АГРАГОЛД од Австрија, со дистрибуција на конзумен шеќер.
Мисија
„..ефикасна дистрибуција на широка палета на прехранбени производи на територијата на цела држава, преку професионален тим на искусни комерцијалисти поддржани со високо развиена логистика и администрација“
Визија
“…. пример за стабилна и ефикасна дистрибуциска мрежа на храна на територијата на цела Република Македонија ….“
Нашиот Тим
Историјата на Хоризонт започнува пред 28 години, како компанија во приватна сопственост на семејството Јаневски. Својот развој во дистрибутерската индустрија го започнува со желбите, идеите и искуството на своите основачи. До денес компанијата Хоризонт располага со 20 вработени од кои 4 комерцијалисти, 6 вработени во делот за логистика и дистрибуција и 10 вработени во секторите за менаџмент, маркетинг и администрација.