Конзервирана храна 2018-08-27T13:21:13+00:00

Конзервирана Храна

Конзервирањето претставува метод на зачувување на храна во кој истата се конзервира, обработува и херметички се затвара. Рокот на траење на конзервираната храна може да достигне и до 30 години. За да се спречи расипувањето на храната пред и за време на задржувањето, се користат неколку методи како пастеризација, варење, ладење, замрзнување, сушење, вакуум третман, природни антимикробни средства кои се однесуваат на рецептот на храната што се чува, доволна доза на јонизирачко зрачење, потопување во силен солен раствор, киселина, база, осмотски екстреми (на пример, многу сладок екстрем) или други околности предизвикани од микробиолошки елементи.

natureta eta kamnik logoЕТА Камник (Словенија) е основана во 1923 година, како мала семејна компанија за производство на сенф, овошни сокови, компоти и џемови. Новата фабрика е изградена во 1963 година на местото каде што и денес постои централното производство. Во 1983 година, ЕТА се спојува со СОЗД Меркатор и од 1996 година функционира како акционерско друштво со поголем дел на акциите во сопственост на Меркатор, Д,Д, Љубљана. Во 2000 година, компанијата инвестира во реконструкција и унапредување во технологијата на централното производство (повисоки капацитети на производствените линии, редуцирање на потрошувачката на енергија, подобри работни услови). Во Септември 2002, компанијата СЛОСАД, ДОО, Марибор, се спојува со ЕТА и од тогаш работи под името Бохова. Во 2003, компанијата се претставува со сосема нов производствен имиџ во стаклени тегли и новиот бренд НАТУРЕТА и воведува производство и дистрибуција на печени зеленчуци во пластични пакувања. Од почетокот на 2006, поголемиот дел од основната технолошка опрема за повеќето програми се надградува и со тоа се постигнува флексибилен производствен капацитет за добивање на високо квалитетни ЕТА производи.

Портфолиото на Хоризонт за конзервирана храна, ги содржи следните производи:

Сенф

Рен

Маслинки

Камнишкиот сенф е словенечки специјалитет. Сенфот Натурета е употребуван во најфините сосови, а Шведската маса без него не може ни да се замисли. Камнишкиот сенф е прва гастрономска заповед. Тој е универзален сос кој го купувате подготвен и е веднаш употреблив за јадење. Го буди вашиот јазик и со остриот вкус дава моќ. Одличен е за подготовка на мајонез.

Коренот од рен, кога се вади свеж од градината, се јаде само од Октомври до Февруари. На начинот на кој што се подготвува, во тегла, може да се употребува на најразлични начини, а како еден пример е топол умак со варено говедско месо.

green olives naturetaМаслината е посебно овошно дрво од Средоземјето. Зелената маслинка е футуристична и елегантна, било да лежи во плитка чаша со мартини или стои на врвот на богати и разновидни закуски. Маслинката поседува волшебност. На било која храна да ја ставиме, веднаш ќе го почувствуваме нејзиниот магичен вкус.

black olives naturetaНема ништо лошо во тоа што имаме навики, само што навиките треба да бидат добри. Една од таквите навики е таа да дома имаме црни маслинки. Тоа мало црно овошје во себе ги содржи вашите најубави спомени од Италија и Грција, од Шпанија и Португалија, како и од забавите на вашиот мал тревник.

olives with peppers naturetaСите видови на полнети маслинки треба да ги имате на маса, ако сакате добро и забавно да се справите со сирењето. Малку сирење со чаша вино претставува културна обврска во многу земји. Но, не грижете се воопшто ако немате сирење – потребни ви се само полнетите маслинки на Натурета!

За повеќе информации контактирајте ги нашите дистрибутери и комерцијалисти!

контактирајте не!