Кондиторски производи 2018-08-27T13:26:23+00:00

Кондиторски Производи

Кондиторските производи се прехрамбени производи богати со шеќер и јаглено хидрати. Овие производи во себе содржат различни засладувачи, но најголемо присуство има шеќерот. Постојат два типа на кондиторски производи: пекарски и шеќерни. Во пекарски кондиторски производи спаѓаат колачите и слични пекарски печива. Во шеќерни кондиторски производи спаѓаат бонбони, слатки, зашеќерени ореви, чоколади, гуми за џвакање, пастилажи и други кондиторски производи во кои главна состојка е шеќерот.

pez logo

Во своето портфолио на производи Хоризонт е горд и ексклузивен претставник на компанијата ПЕЗ.  ПЕЗ е австриска компанија со седиште во Траун, во близина на градот Линц. Глобална компанија која ги продава и дистрибуира своите производи низ целиот свет, со исклучок на САД и Канада. За дистрибуција и продажба во Северна Америка ја користи втората локација на ПЕЗ, во местото Оринџ, Конектикат. Помеѓу нив,  овие две локации дистрибуираат приближно 70 милиони диспензери и 5 милијарди бонбони годишно. Производите на PEZ се достапни во повеќе од 80 земји во светот.

Санаплус ја започнува својата историја во 1999 година во одделот за прехрамбени додатоци. Врз основа на својот долгорочен успех, компанијата започна да ги воведува производите на најуспешните извозни пазари на својата основачка компанија ПЕЗ, Унгарија. Ова беше причина за отворање на првиот Sanaplus Kft. во 2004 година. Денес Санаплус е лидер на пазарот во повеќето земји од Централна Европа и произведува многу големи западно европски брендови.

Портфолиото на Хоризонт за кондиторска храна, ги содржи следните производи:

Бонбони

Норд Винд

Витамински Таблети

pez figurines
nord wind

Мали правоаголни бонбони со уникатен вкус кој во себе не содржи елементи на глутен и лактоза. Овие најпознати бонбони се достапни во повеќе вкусови како пеперминт, кока кола, кисел микс, овошје, физи и различни пакувања. Едно од најпознатите пакувања на ПЕЗ бонбоните се нивните диспензери во вид на фигури од различни цртани филмови и херои.

Посебна програма на кондиторски производи. Норд Винд се мали освежителни бонбони без шеќер кои ги задоволуваат вашите слатки апетити со вкусовите на цреша, еукалиптус, пеперминт и спеарминт.

Витамински таблети кои го заштитуваат и подобруваат вашиот имунитет. Достапни се со состојки на витамин Ц, калциум, магнезиум, мултивитам и јуниор таблети наменети за деца. Како дистрибутер на ПЕЗ шумливите таблети се јавува компанијата Сана Плус.

За повеќе информации контактирајте ги нашите дистрибутери и комерцијалисти!

контактирајте не!