Слаткарство 2020-12-03T11:07:48+00:00

Слаткарство

Со широката палета на производи, Хоризонт успеа да промени некои навики и на производителите и на потрошувачите на слатки. Новите производи кои се појавуваат на пазарот со сигурност се резултат на напорната работа и труд за воведување нови идеи. Со нудење на постојана соработка, Хоризонт одигра важна улога во ширењето на палетата на производи на пазарот, во кои се вбројува и функционалната храна, т.е. производи кои што покрај нутритивните својства, имаат и позитивно дејство на телесните функции на корисникот.

ireks aroma logo

Хрватската фирма Ирекс Арома постои од 1993 година како компанија ќерка на компанијата Ирекс од Кулмбах, Германија, една од водечките компании производители на подобрувачи и наменски смеси за леб, печиво и слатки. Исто така, Ирекс Арома е генерален застапник и дистрибутер на германската компанија RAPS (зачини и додатоци во месната индустрија) за подрачјето на државите од поранешна Југославија.

Основана во 2007 година, Селект е компанија која се фокусира на унапредување и осовременување на начинот на работа, безбедноста на своите производи, но пред се, компанијата посветува големо внимание на едукација на своите вработени, со акцент на вработување на млади луѓе со желба за напредок. Главен фокус на компанијата е дистрибуција на пекарски и кондиторски производи.

Ирекс Арома

Подготвени, готови мешавини и глазури се дел од програма на производи од Ирекс Арома! Овие миксови подготвени за употреба може да се користат за разни видови на креми, бисквитни маси, филови, глазури и подобрувачи.

Прочитај Повеќе

Селект

Извонредност на филови за слатки … тоа е она што можеме да го очекуваме од Селект! Различни видови на филови, од цреша и јагода до јаболко и портокал, филови што ги задоволуваат сите слаткарски потреби!

Прочитај Повеќе

За повеќе информации контактирајте ги нашите дистрибутери и комерцијалисти!

контактирајте не!